Пронајдена граната во Кавадаречко

Во текот на вчерашниот ден во непосредна близина на местото Блатец, Кавадаречко, полициски службеник од ПС Михајлово пронашол неексплодирана артилериска граната.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека била повикана Дирекцијата за заштита и спасување-Кавадарци, која ја подигнала гранатата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.