Пронајдена ќерката на Легија, цело време била кај другарка си

Околу 19 часот по канадско време е пронајдена Николија Луковиќ, ќерка на Милорад Улемек Легија, која беше пријавена како исчезната, потврдуваат за српски „Блиц“ од канадската полиција.

Николија целото време го поминала кај своја другарка каде што спиела и не сакала да се јави на ниту еден член од семејството.

Полицијата успеала да ја пронајде на основа на листата на повици, па последен пат се чула токму со таа другарка, по што го исклучила телефонот.

На канадската полиција и’ било потребно многу време да ја пронајде бидејќи морале да најдат одобрение од судот за листинг на повици и содржина на тексуалните пораки.