понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 60

Пронајдена малата Медлин исчезната пред 9 години, алармиран Интерпол?

Medlin-Meken640

Последни вести

Три годишната Медлин Мекен од Велика Британија исчезна во 2007 година од хотел во местото Праја де Лус во Португалија, каде летувала со семејството. Од тогаш се води интензивна истрага која неколку пати била прекината поради недостиг на докази. Во медиумите се пишуваше дека девојчето починало, како и кој е нејзиниот убиец, но сега се појавуваат нови информации. Таблоидот „The Sun“ објавува дека малата Медлин се наоѓа во Парагвај.

Поради овие претпоставки, алармирани се четири полициски станици, Интерпол и агенциите задолжени за пронаоѓање на киднапирани деца.

-Мојот тим доби информација дека Медлин веќе два месеци се наоѓа во Арегуа, град во Парагвај, вели Мираз Улах Али кој работи на овој случај.

Заменик шефот на полициската станица во Арегуа потврдува дека добиле вакви информации и дека веднаш го известиле Министерството за внатрешни работи и Интерпол.

-За оваа вест и новите докази ќе се слушне во целиот свет. Мора да реагираме на време и да го пронајдеме девојчето, вели заменик шефот на полициската станица.

Засега овие информации се објавени само во таблоидите, но изминативе денови и останатите медиуми шпекулираа дека постојат нови информации за исчезнувањето на девојчето.

Најчитани вести