Пронајдена мртва жена од село Калниште

Вчера утрото околу 9 часот Д.К. (28) од село Калниште-Пробиштип, пријавил дека во долот на речното корито од Калнишка Река, на тесна земјена патека (удолница), пронашол непознато тело во фаза на распаѓање.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Пробиштип, при што од страна на лекар од брза помош била констатирана смрт.

Од страна на роднини бил утврден идентитетот на лицето. Се работи за Р.С. (65) од Пробиштип која на 18 август годинава била пријавена за исчезната. По наредба на ЈО, телото на почината е дадено на обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.