среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 12

Пронајдена мртва жена во Гостивар

полиција

Последни вести

Гостиварецот А.А. (38) вчера во полиција ја пријавил за исчезната Ф.Ј. (68) која живела кај него како потстанар, на  улицата Мајор Чеде Филиповски во Гостивар.

Од страна на полициски службеници од ПС-Гостивар излезено било на местото на настанот и во содејство на ТППЕ-Гостивар било влезено е во станот и во тоалетот била пронајдена Ф.Ј. во коматозна состојба.

Од екипа на ИМП истата била пренесена во МЦ-Гостивар, каде околу 23.20 часот починала. По наредба на ЈО, телото на починатата било сместено во капелата на МЦ-Гостивар за утврдување на причините за смртта.

Најчитани вести