Пронајдена повредена скопјанка на ул. „Аминта Трети“

„Аминта Трети“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека В.П., како што таа изјавија во полицијата, била пресретната од нејзиниот поранешен пријател со кого била во љубовна врска кој со возило ја однел во близина на последна автобуска постојка во населбата Железара, каде што и го соблекол долниот дел од гардеробата, физички ја нападнал и ја оставил полугола. В.П. потоа со такси возило дошла на улицата „Аминта Трети“.

Од страна на Итна медицинска помош, била пренесена во Ургентниот центар Скопје, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот како и за целосно расчистување на случајот.