Пронајдена и третата црна кутија на паднатиот руски авион Ту-154

кутија

Анонимни извори изјавија дека е станува збор за црната кутија, што се наоѓала во опашката на авионот.

ТАСС наведува дека сите остатоци од авионот, кои се забележани се веќе се извлечени од водата. Пронајдени се повеќе од 1.800 делови на авиони, 19 тела и 239 делови на тела.

Двете други црни кутии беа пронајдени во претходните два дена.

Дешифрирањето на црните кутии со податоците од авионот на руското Министерство за одбрана, кој се урна со 92 патници во неделата во Црното Море, по полетувањето од Сочи кон Сирија, би можело да потрае уште неколку недели.

Во меѓувреме директорот на службата за безбедност на летови на руското Воено воздухопловство Сергеј Бајнетов изјави дека на телата на патниците и на остатоците од авионот не се пронајдени траги од оган, ниту од експлозии.

Тоа според него, ја исклучува можноста терористички акт да е можна причина за несреќата, во која загинаа сите 92 патници и членови на екипажот.

Бајнетов изјави и дека истрагата на местото на падот на авионот и натаму е во тек, бидејќи сите делови на леталото мораат да се извлечат од вода за да се дојде до конечни заклучоци.

Според него комисијата, која го истражува падот на авионот разгледува седум, верзии на трагедијата, при што ниту една верзија не е приоритетна.

На почетокот на истрагата имаше 15 верзии, а сега ги има половина помалку, рече Бајнетов.