Свет

Пронајдена втората црна кутија од паднатиот авион

Пронајдена втората црна кутија од паднатиот авион

Пронајдена и втората црна кутија на авионот Ербас А320 на германската авиокомпанија „Џерман Вингс“, кој вчера се урна во француските Алпи, пренесе МИА.

Според француските истражни органи втората црна кутија е тешко оштетена. Тие соопштија дека меморискиот чип на уредот за снимање на податоците за летот на авионот е излезен од својата позиција и е невозможно да биде пронајден.

Црната кутија на авионите е уред што најчесто е составен од два дела, кои ги снимаат техничките податоци за летот на авионот и гласот на пилотот за време на летот. Француските истражувачи се надеваат дека ќе дојдат до снимката со гласот на пилотот.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев вчера потврди дека е пронајдена едната црна кутија и дека податоците се предадени за анализа.

Авионот Ербас А320 се урана во Алпите во јужниот дел на Франција, на 100 километри северно од Ница, на летот од Барселона за Дизелдорф. Во авионската несреќа загинаа сите 144 патници и шест членови на екпажот.