Свет

Пронајдена втората црна кутија од паднатиот „Ербас“

Пронајдена втората црна кутија од паднатиот „Ербас“

Јавниот обвинител од Марсеј денеска соопшти дека истражните органи ја пронашле втората црна кутија од авионот на „Герман вингс“ кој пред десетина дена се урна на француските Алпи, јави дописникот на МИА од Париз.

На оваа кутија се снимени параметрите на летот, кои треба да бидат анализирани и да ги комплементираат информациите од првата црна кутија, која беше пронајдена веднаш по катастрофата.

По анализата на првата црна кутија, истражните органи вината за несреќата во која загинаа 150 лица, ја префрлија на копилотот на авионот.