Пронајдена жена со изгореници по телото, причините непознати

Непозната жена, која по телото има сериозни изгореници и е во безсознание, ноќеска околу полноќ е пронајдена на улица во Скопје. Според информациите од полицијата, жената чиј идентитет се уште не е утврден е пронајдена на улицата 192 по повик од граѓанин.

Повредената жена веднаш е пренесена на Клиниката за пластична хирургија, но докторите не можеле да утврдат како настанале повредите.

Жената е неконтактибилна и не може да се утврди каде и од што се настанати изгорениците, велат од полицијата.