Крими хроника

Пронајдени 191 стебло марихуана во велешко Клуковец

Пронајдени 191 стебло марихуана во велешко Клуковец

Во велешкото село Клуковец пронајден е насад со 191 стебло марихуана во близина на објект во кој полицијата извршила претрес по наредба на надлежен судија.

Стеблата се предадени на вештачење во Одделот за крим техника при Министерството за внатрешни работи.

При претресот пронајден е пиштол калибар 6,35мм за кој двете лица, кои биле во објектот, немале одобрение за поседување.

Двете лица се приведени и задржани во полициската станица во Велес. Се превземаат мерки за утврдување на поврзаност на лицата со пронајдените насади марихуана.