Пронајдени 29 мигранти во куќа во Морани

Двесет и девет мигранти од Блискиот Исток, меѓу кои жени и деца, се пронајдени вчера,  во куќа во село Морани.

Според информациите на МВР,  Ш.А.(33), во периодот од 18-ти до 21-ви ноември, во соработка со други лица, во неговиот дом во село Морани сместил 29 лица со потекло од Блискиот Исток, а дел од нив немале документи за идентификација.

Илегалните мигранти оствариле влез во Македонија од Грција, организирани од страна на две непознати лица од Гевгелија и две лица од село Студеничани, на тој начин што лицата од Студеничани на 18.11. во попладневните часови со џип од непозната  марка прво извршиле транспорт на децата и жените во домот на пријавениот, а додека на 19.11. во утринските часови истите лица извршиле транспорт на преостанатите лица од групата.

Против сопственикот на куќата е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело ,,криумчарење на мигранти“, а пронајдените лица мигранти се предадени во прифатен Центар за странци во Скопје