Пронајдени 42 тела на мигранти во Босфор

Дваесет и четири безживотни тела се пронајдени од спасувачките екипи откако брод со 40 илегални мигранти се преврте во морето на Босфорскиот теснец.

Седум луѓе се спасени од морето, а потрагата по останатите патници на бродот се уште е во тек каде се вклучени чамци од крајбрежната стража и хеликоптер.

Голем број илегални имигранти од Африка и од Блискиот Исток минуваат преку Турција за да стигнат до земјите на Европската унија, најчесто патувајќи во лоши и преполни бродови.