Свет

Пронајдени 70 тела-жртви на исламистите на Боко Харам

Пронајдени 70 тела-жртви на исламистите на Боко Харам

Војници од Чад и Нигер открија тела на најмалку 70 луѓе, голем дел од нив обезглавени, во близина на мост крај градот Дамасак на север во Нигерија.

Дамасак беше заземен од исламистите во ноември лани, но трупи на Чад и Нигер успеаја да вратат контрола во саботата.