Пронајдени албански државјанки во локал во гостиварско

Во периодот од 21часот до полноќ во селото Равен-Гостивар, во угостителскиот објект „Кастриоти“, при извршена контрола, поради незаконски престој и нелегално работење, пронајдени и приведени се три албански државјанки. Исто така во селото Чегране, во угостителскиот објект „Нота“, при извршена контрола, пронајдени  се девет албански државјани, со нелегален престој и работење.

По целосно документирање и расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.