Пронајдени дрога и оружје во две куќи во тетовско

Службениците на СВР Тетово во саботата при утрото при претреси на две куќи во населбата Мала Речица откриле дрога и оружје, инфоромирапе во понеделникот министерството за внатрешни работи.

На 10.02.2018 година во периодот од 07:30 до 08:40 часот, со наредба од Основен Суд Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории на А.Р. (30) на ул. „Браќа Миладинови“ во Тетово.

При претресот, на повеќе места во куќата била пронајдена наркотична дрога марихуана со вкупна маса од околу 500 грама, како и една вага со остатоци од марихуана.

Пронајдените предмети биле одземени со потврда за привремено одземени предмети. А.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија, информираат од МВР.

На 10.02.2018 година во периодот од 07:30 до 09:00 часот, со наредба од Основен суд Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во дом и помошни простори на лицата Ш.С. (63), С.С. (52) и Х.С. (23) во с.Мала Речица, тетовско.

При претресот во куќата, кај С.С. бил пронајден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7.62 мм и една рамка со осум куршуми, кои ги поседувал без дозвола. Пронајдените предмети биле одземени со потврда за привремено одземени предмети. Лицата се лишени од слобода и приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува во соопштението на МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.