Македонија

Пронајдени исчезнатите пари за лекување на Иван

Пронајдени исчезнатите пари за лекување на Иван

Пронајдени се парите од кражбата од шанкот во Дом на млади во Штип наменети за лекување на Иван Стојанов, објави радио Штип.

Случајно вработените во Дом на млади, при акција за чистење ги нашле парите кои недостасуваат паднати зад шанкот.

Иако е чудно, сепак добро е што се најдени приближно 500 евра, пари кои нужно му се потребни на Иван Стојанов за негово лекување, објави радио Штип.