Пронајдени марихуана, амфетамин и екстази во дом на студент од Јордан

Над 133 грама марихуана, двесеттина грама амфетин и 26 таблети „екстази“ полицијата пронајде и одзема од 29-годишен студент од Јордан со живеалиште на улица „Руѓер Бошковиќ“ во Скопје.

Како што соопшти МВР за време на претресот кај М.А, на кој му е одреден 30 дена притвор, биле затекнати и лицата 31-годишниот Ѓ.А. од Куманово и 20-годишниот Ж.М. од Тетово со адреса на живеење во Куманово, а во текот на вршењето на претресот во домот влегол и 19-годишнот Д.С. од Скопје.

Полициските службеници извршиле преглед кај овие лица. Притоа, кај Д.С. била пронајдено една кесичка со марихуана, која со потврда била одземена, додека кај лицата Ѓ.А. и Ж.М. не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Со потврда за оземени предмети полицијата одзела една дигитална вага со остатоци од марихуана и амфетамин, како и огледало со остатоци од амфетамин и кокаин.