Пронајдени мртви сите исчезнати животни од зоолошката во Тбилиси

Сите исчезнати лавови и тигри од поплавената зоолошка во Тбилиси се пронајдени мртви, а еден јагуар се уште е исчезнат, пишува МИА.

Откривањето на труповите на последните исчезнати лавови и тигри ги смири стравувањата во главниот град на Грузија дека некои од овие животни се уште слободно шетаат низ градот.

Портпаролката на зоолошката соопшти дека осум лавови, сите седум тигри и најмалку два од трите јагуари во зоолошката се мртви, како и девет од вкупно 17 пингвини. Од вкупно 14 мечки преживеале само две, јави ТАСС.

Во поплавите загинале и стотици кучиња скитници во приватно засолниште во близина на паркот.

Најмалку 16 лица загинаа, а шест се водат за исчезнати по полавите за време на викендот, што се едни од најголмите во Грузија во изминатите пет години.