Пронајдени најстарите остатоци од чај во светот

Во гробницата на кинески цар кој живеел пред 2.100 години биле најдени најстарите остатоци од чај во светот.

Остатоци од растенија биле најдени во гробницата на царот Лиу Чи, четврт цар од династијата Хан кој живеел во периодот помеѓу 188-та и 141-та година пред новата ера, велат истражувачите од Кина и Велика Британија кои резултатите од својот труд ги објавиле во весникот „Сајнтифик Рипортс“.

Најстариот запис за чај датира од 59-тата година пред новата ера, а досега најстарите физички остатоци потекнувале од династијата Сонг (960 – 1124 г.п.н.е).

-Утврдивме дека царевите од династијата Хан пиеле чај 2.100 години пред новата ера, се наведува во статијата и се додава дека ова откритие укажува дека чајот се транспортирал од Кина во Централна Азија и Тибет неколку стотици години порано отколку што претходно се мислеше.

Во текстот се наведува дека ова докажува дека еден дел од Патот на свилата во тоа време минувал низ западен Тибет.

Чајот бил дел од трговијата со луксузни производи, заедно со текстилот, на Патот на свилата пред 2.000 години, се наведува во текстот.

Околу три четвртини од денешната светска популација пие чај.