Свет

Пронајдени недетонирани бомби на аеродромот Завентем

Пронајдени недетонирани бомби на аеродромот Завентем
Терористичките напади ја чинат Белгија четири милијарди евра

Две експлозии одекнаа утрово во 8 часот на аеродромот Завентем во Брисел. Според властите во Белгија на аеродромот биле најдени уште неколку недетонирани бомби на терминалот каде што одекнаа експлозиите, јавува „Раша Тудеј“.

brisel-napadi-1-1

Белгискиот кризен центар информира дека тим експерти од Белгиската Армија ќе ги неутрализира сомнителните пакети најдени на аеродромот.

На аеродромот бил најден и неексплодиран ремен со експлозиви, јавува фламанската телевизија VTM. Според властите овој елек најверојатно му припаѓал на третиот терорист кој успеал да побегне.