Пронајдени остатоците од алжирскиот авион, преживеани нема

Пронајдени остатоците од алжирскиот авион кој денеска се урна во Мали. Авинот е лоциран во северниот дел на Мали каде претходно му се изгуби трагата додека летал од Буркина Фасо кон Алжир. Несреќата не ја преживеал ниту еден од патниците и членови на екипажот.

Авионот на компанијата „Ер Алжир“ МД 83 летал од главниот град на Буркина Фасо кон престолнината на Алжир, а најголемиот дел од патниците биле француски државјани. Освен Французи, во авионот имало и државјани на Буркина Фасо, Алжир, Либан, Канада, Луксембург, Швајцарија, Нигерија и Камерун.

Ова е трета голема несреќа на патнички авион во една недела, по соборувањето на малезискиот авион над Украина и по падот на авионот на “Трансазија“ во Тајван.