Пронајдени остатоците од малезискиот авион MH370?

Влатите во Австралија кои речиси две години трагаат по остатоците од авионот на Малезија ерлајнс MH370 имаат нова трага, која се наоѓа на дното од Индискиот океан.

Хидролокаторот на Австралиското транспортно-безбедносно биро забележало поводни снимки од нешто што би можело да бидат остатоци од малезискиот авион, наведуваат австралиските експерти.

„Предметите снимени на дното од океанот имаат карактеристики на делови од челична конструкција која ја направил човек и многу се разликува од структурата на подводните карпи кои доминираат на дното од Индискиот океан“, се наведува во соопштението.


Дали е ова уште една во низата лажни тревоги или конечно првото делче од сложувалката за пронаоѓање на MH370 ќе се дознае кога Австралијанците ќе ги испитаат предметите кои ги снимил хидролокаторот, што би требало да биде следниот месец.


За потсетување, авионот MH370 кој летал од Куала Лумпур за Пекинг исчезна на 8 март 2014 година со 239 патници и екипажот. Авионот летал шест часа пред да биде изгубен контактот со контролната кула. Се смета дека авионот на „Малезија ерлајнс“ се урнал во јужниот дел од Индискиот океан.

Извор: Точка.мк