Свет

Пронајдени последните 3 жртви од бродската несреќа кај Филипините

Пронајдени последните 3 жртви од бродската несреќа кај Филипините

Филипинската морнарица вчеравечер соопшти дека ги пронашла и последните тројца патници кои се водеа како исчезнати по несреќата на бродот „Махарлика2“.

Конечниот резултат на оваа несреќа се шест загинати и 110 спасени патници, меѓу кои 36 се членови на екипажот.

Среќа во несреќата, што ја предизвика ураганот „Луси’’ е што во близина на бродот на кој ненадејно му откажале моторите и поради големите бранови се превртел, биле шест други патнички бродови кои учествувале во спасувањето. Ефикасно реагирале и припадниците на бродската стража, така што,според ситуацијата во морето крај островот Лејте, бројот на жртвите е сепак мал.