Пронајдени сиријци кај Ваксинце

На 02.12.2014 година околу 15,00 часот на локалниот пат од с.Слупчане кон с.Ваксинце, од страна на полициски службеници сопрено е ПМВ „Мерцедец“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.У.(55), во кој се пронајдени и 4 сириски државјани на возраст од 24 до 38 години. По целосно документирање на случајот против И.У. ќе биде поденсена кривична пријава, а сириските државјани ќе бидат сместени во Прифатен центар Скопје.