Пронајдени тела на четири сириски деца на турскиот брег

На турскиот брег на Егејското Море денеска се пронајдени четири тела на удавени деца. Децата биле на возраст од 1 до 4 години, а останатите 19 мигранти кои носеле елеци биле спасени.

Како што јавија турските медиуми, децата најверојатно биле на бродот со сириски имигранти што потона на пат од Турција кон грчкиот остров Лезбос.

Турската крајбрежна стража од своја страна соопшти дека успеала да спаси 19 мигранти од потонатиот брод, што испловил од реонот на Ердемит во севросапана Турција.

Во септември годинава, светската јавност остана во шок кога беше објавена фотографијата на безживотното тело на тригодишниот Ајлан Курди кој заедно со неговиот брат и мајка му се удави на брегот на Турција.