Пронајдени телата на 186 загинати во авионската несреќа

На местото на несреќата на малезискиот „Боинг 777“ во Доњецката област се пронајдени телата на 186 загинати, а потрагата опфаќа површина од 25 километри квадратни, соопшти денеска Државната служба на Украина за вонредни состојби, јави ИТАР ТАСС.

До седум часот утрото по локално време се откриени телата на 186 загинати. Шефовите на операцијата како место за потрага одредија површина од 25 километри квадратни, која ги опфаќа селата Московское, Расипное, Грабово, Стрјуково и Грабовската акумулација, се наведува во соопштението.

Досега е проверена територија од 18 квадратни километри. Во операцијата учествуваат сто соработници на Службата за вонредни состојби, нуркачи, и 18 единици за техника, како и 70 лица од украинското МВР.