Пронајдени телата на 21 рудар во поплавениот кинески рудник

Спасувачките екипи пронајдоа тела на 21 рудар загинати во поплавениот рудник во северна Кина, соопштија денеска кинеските власти.

Телата се пронајднеи по четиридневна потрага. Повеќе од 600 спасувачи ја испумпуваа водата од поплавениот рудник Јангјаван во близина на градот Датонг, во северна Кина.

Окното на рудникот е поплавено во неделата навечер, кога во него се наоѓале 247 рудари, од кои 223 успеале да се спасат. Уште тројца рудари се спасени и во моментов закрепнуваат во болница.