Пронајдени телата на 48 ученички во потонатиот јужнокорејски траект

Четириесет и осум тела на ученички се пронајдени во кабина на потонатиот јужнокорејски траект, но извлекувањето на телата на жртвите е отежнато поради повеќе причини.

Девојчињата биле откриени со појаси за спасување на себе во кабина што може да прими најмногу 30 луѓе.

Нуркачите од тимовите за спасување соочени се со разни проблеми – од слаба видливост до тоа што пречки при приодот кон бродот им прават разни предмети што се во водата. Дел од вратите на траектот не може да се отворат заради водениот притисок. Извлекувањето на довојчињата е отежнато и поради појасите за спасување кои се на нив. Отежната е работата на спасувачките тимови и поради силните струи што се појавија, јавуваат јужнокорејски медиуми.

Од 476 патници и членови на екипажот на траектот, 339 биле средношколци и професори кои оделе на излет. Досега се потврдени 162 жртви и околу 140 и понатаму се водат како исчезнати.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.