Пронајдени телата на работниците кои вчера паднаа во Вардар

Пронајдени се телата на работниците на Македонски Железници кои вчера претпалдне паднаа во водите на Вардар од Железничкиот мост кај Јурумлери.

Работниците вршеле реконструкција на  мостот на пругата Скопје-Драчево, каде се врши замена на праговите.

Од МЖ Инфраструктура велат дека во моментот на несреќата работниците ја носеле потребната заштитна опрема.

Во тек се активности за утврдување на причините за падот и смртта на работниците.