Пронајдени телата на уште тројца планинари во несреќата на Хималаите

Спасувачите во Непал извлекоа денеска уште три тела од снегот, додека непалските власти се подготвуваат да ја завршат потрагата по преживеаните по снежното невреме кое во вторникот ја погоди таа област.

До сега со хеликоптер се спасени повеќе од 500 лица од кога големото снежно невреме го погоди непалскиот регион Анапурна кој е популарен меѓу планинарите за време на сезоната на планинарење.Невремето предизвика лавина и усмрти неколку десетина луѓе.

Официјалните лица од Непал веруваат дека најголемиот дел се евакуирани или пак сами се спасиле иако се уште не е јасно колку планинари биле кога регионот го погодил силното невреме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.