Пронајдени траги од вонземјанска цивилизација

Бевме крајно фасцинирани од нивниот необичен изглед. Точно е дека вонземјаните се последната хипотеза што би требало да ја земете во предвид кога ќе откриете нешто невообичаено, но големата група пронајдени објекти, изгледа како нешто што го изградиле вонземјани, изјави Рајт.

Ѕвездата наречена KIC 8462852 се наоѓа во близина на Млечниот пат, помеѓу соѕвездијата Лебед и Лира, а за прв пат го привлече вниманието на астрономите во 2009-тата година кога беше означена како кандидат околу која би можеле да кружат планети што наликуваат на Земјата.

vonzemjanska-civilizacija-1

Но, оваа ѕвезда емитувала многу понаков светлосен образец од било која ѕвезда во чиј систем би можеле да се најдат планети на кои има живот.

Никогаш не сме виделе нешто слично. Помисливме дека би можело да станува збор за грешка или дека податоците стасаа во тој облик поради движењето на леталото, но повторно прегледавме внимателно и немаше ништо од тоа, изјави Табета Бојаџијан од универзитетот Јејл.

Таа неодамна објави научен труд во кој ги разгледува сите можни природни детали за настанувањето на мистериозните објекти, но засега е задоволително единственото објаснување дека некоја друга ѕвезда привлекла низа комети кон ѕвездата, што би можело да претставува речиси невозможна случајност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.