Пронајдени тројца Сомалијци кај Смоквица

На 29.11.2014 година во 23.45 часот на локалниот пат с.Грчиште –с.Марвинци, од страна на инспектори од РЦ за ГР Југ забележано било ПМВ „Рено 21“ со скопски регистарски ознаки во кое имало неколку непознати лица при што истиот се дал со голема брзина во бегство во правец на с.Смоквица, каде запрел и ги истоварил лицата. Кај с.Смоквица возилото било запрено и од извршената контрола утврдено е дека со истото управува З.З.(25) од Скопје, а при пребарување на теренот пронајдени биле три лица илегални мигранти од Сомалија на возраст од 22, 24 и 26 години сите со грчки документи. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.