Пронајдени уште шест тела на турски рудари

Тела на уште шест рудари се извадени од јамата на рудникот за јаглен во турскиот град Ерменек. Телата се на рудари кои заедно со свои 18 колеги на 28 октомври останаа блокирани на 300 метри под земјата.

Претходно, спасувачките екипи од рудникот извлекоа уште четири тела на починати рудари – двајца на 6 ноември и двајца во неделата.

Операцијата за потрагата по преостанатите рудари продолжува, иако властите потенцираат дека нема речиси никакви шанси некој од нив да е жив.

Весникот „Хуриет“ наведува дека следниве денови ќе биде извршена ДНК анализа на извлечените тела, со цел да се утврди нивниот идентитет. За потребите на анализата земени се примроци од 24 роднини на затрупаните рудари.

Во врсака со инцидентот во рудникот, полицијата досега уапси осум лица под обвинение за „предизвикување смрт на едно или повеќе лица“, од кои на петмина им е изречена мерка притвор, а останатите тројца се пуштени да се бранат од слобода до завршувањето на судскиот процес.