Пронајдениот труп со слична облека како на Дениса

Само облеката на безживотното тело кое ја исфрлила водата на брегот од Егејот е иста како што носела исчезнатата Македонка Дениса Маркоска чија трага и се изгуби пред 24 дена на палубата од бродот Сиренисима.

Бојата на очите  и косата на трупот засега не се открива дали се истите како на девојката од Прилеп. Обдукцијата и ДНК анализата на трупот кој сега е во надлежност на тамошната судска медицина, ќе треба да го потврди идентитетот, информацијата за пронајденото тело за Алфа ја потврдија од МНР.

-Не информираа дека е најдено тело кое според описот коренсподира на исчезнатата. Ќе се направи ДНК анализа за да се утврди идентитетот. – информираат од МНР, пренесува Алфа.

Освен информацијата за облеката која во јавноста проструи преку грчките медиуми, засега нема детали во каква состојба било пронајдено телото и дали на него имало видливи траги на насилство. Обдукцијата ќе треба да покаже дали за цело време телото било во вода. Трупот бил пронајден во саботата на брегот на островот Карпатос.