Пронајдените скелети припаѓаат на вистинскиот Тито и неговото семејство?

Две, на прв поглед, неповрзани вести од минатата недела се споија во една и полека стануваат права теорија на завера за која веќе е загрижена цела Хрватска, а наскоро ќе биде и цел Балкан. Имено, прва е веста дека е објавен досега таен документ на американското ФБИ во кое извесен Маријан Џон Маркул од Лос Анџелес во 1955 година детално им ја опишувал на агентите на ФБИ за средбата со Тито, за кого тврдеше дека е руски агент.

Маркул во разговорот со агентите, изразил загриженост околу правиот идентитет на Јосип Броз Тито.

Овој извештај се наоѓа во еден од стотината илјади документи кои американските власти им ја тргнале ознаката „строго доверливо“.

Таму пишува: Господин Маркул смета дека личноста која денес се претставува како маршал Тито не е правиот Јосип Броз Тито, туку дека станува збор за руски агент кој го украл неговиот идентитет во 1937 година кога Тито исчезнува во Русија.

Откриени скелети во Кумровец?

Само за два дена по оваа вест дојде информацијата дека во родното место на Тито – Кумровец се пронајдени пет скелети од периодот на Втората светска војна кои биле фрлени во еден канал.

Оваа информација изгледа дека ги разбуди дежурните теоритичари на завера, па одма тргнаа шпекулациите дека откриените лешеви би можеле да бидат членови на фамилијата на Тито кои се убиени како не би се откриле дека на чело на Југославија е лажен Јосип Броз, па дури и дека едно од телата би можело да припаѓа на вистинскиот Јосип Броз.

Сепак, пред да ја додадеме оваа приказнана многуте кои кружат околу биографијата на „најголемиот син на нашиот народ и народности“, треба да се сочекаат деталните анализи на пронајдените лешеви кои требаат да откријат вистинското потекло на скелетите и времето кога се тие закопани.