Пронајдено 12 годишното дете од Чаир

 

Детето за кое дел од албанските медиуми тврдеа дека е киднапирано е пронајдено вечерва.

Од Министерството за внатрешни работи за Курир потврдуваат дека детето е пронајдено живо и здраво и без никакви траги на насилство.

Како што неофицијално дознаваме, 12 годишното дете било пронајдено кај негови роднини и не станува збор за киднапирање.

Претходно, дел од албанските медиуми пренесоа информации дека двајца маскирани разбојници во попладневните часови киднапирале 12 годишно момче, откако претходно насилно провалиле во станот во кое што живеел во близина на трговскиот комплекс Чаирчанка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.