Пронајдено 21 тело во масовната гробница во Мексико

Од масовната гробница откриена во мексиканскиот град Игуала, досега е извлечено 21 тело, соопштија денеска мексиканските власти.

Досега не е утврден идентитетот на жртвите, ниту пак дека се работи за исчезнатите студенти.

Како што е соопштено, одредени тела кои биле пронајдени во гробницата биле изгорени, пренесува агенцијата АФП.

Државниот тужител, изјави дека масовната гробница се наоѓа во предградието на градот Игуала, на околу 200 километри јужно од Мексико Сити.

Според официјалните информации, до крвопролевањето дошло минатиот викенд во Игуала, кога градските полицајци пукале во автобус во кој се наоѓале киднапирани студенти од протест. Во оваа прилика загинале три лица, а повредени се 25.

Неколку часа подоцна неидентификувани напаѓачи на автопатот пукале во две такси возила и автобус во кој се наоѓал фудбалски тим. Од автобусот се убиени две лица, а од такси возилата едно.

По овие инциденти, мексикансите власти соопштиле дека по конфликтот на студентите со полицијата 57 студенти се водат за исчезнати, а подоцна оваа бројка е намалена на 43.