Пронајдено безживотно тело во Црн Дрим

Вчера околу 18 часот, е пронајдено безживотно тело на 50 годишен маж во реката Црн Дрим.

Од СВР Охрид потврдуваат дека се работи за маж во 50-тите години и додаваат дека телото е пронајдено на истекот од реката на излезот од градот.

Според првичните информации на телото не биле забележани траги од насилство.