Пронајдено безживотно тело во Конска река

На 24.01.2015 година околу 11,00 часот во коритото на Конска река во атар на с.Моин–Гевгелија, пронајдена е удавена Б.М.(1956) од истото село. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Гевгелија при што е констатирано дека се работи за несреќен случај. Од екипа на ИМП констатирана е смрт без траги на насилство, а по наредба на ЈО телото на починатата е предадено на фамилијата за погреб.