Пронајдено и последното тело од „Коста Конкордија“

Пронајдено е телото на последниот загинат од бродот „Коста Конкордија“ индискиот стјуарт Расел Ребело.

Останките од телото на Рабело кој се сметаше за исчезнат, се пронајдени меѓу мебелот во осмата кабина.

Потонатиот брод „Коста Конкордија“ беше извлечен од морето и однесен во пристаништето во Џенова.

Бродот „Коста Конкордија“ кој пловеше по Средоземно Море, потона на 14 јануари 2012 година. На бродот имаше 4.200 патници и членови на екипажот, од кои 32 загинаа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.