петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 1

Пронајдено прошталното писмо на терористот од Германија

терорист

Последни вести

Неколку страници од бележникот на авганистанскиот 17-годишен терорист, кој нападна патници во воз во Баварија со секира, можат да се сметаат за проштално писмо, објави баварската полиција, јавува РТ.

Во писмото момчето му пишува на татка си, од него бара да се моли за да му помогне да им се одмазди на неверниците и да стигне до рајот, открива полицијата.

Напаѓачот е Сунит, но не одел редовно во џамија, најверојатно се молел дома. Освен тоа, откриено е дека на социјалните мрежи објавил пост против сите непријатели на исламот само 24 часа пред нападот.

Неодамна загинал другар на 17-годишниот терорист во Авганистан, па истражителите сметаат дека тој настан би можело да биде повод за крвавиот напад.

Полицијата располага со видеоснимка поврзана со момчето, која сѐ уште се анализира.

Агенцијата Амак, блиска до ИД, вчера објави дека малоленикот се вика Мухамед Ријад и е војник на Исламската држава.

Најчитани вести