Пронајдено телото на турскиот државјанин во Мавровско езеро

Нуркачи од клубот „Врело“ од Скопје вчера попладне го пронашле безживотното тело на шеесет и шестгодишниот турски државјанин во водите на Мавровско езеро.

Телото на Ватансевер С. од Истанбул било пронаjдено на околу 200 метри од брегот во атарот на село Леуново.

Ватансевер С. пред два дена пливајќи кон спротивниот брег исчезнал во Мавровско езеро.

Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар излезгле на местото на настанот и извршиле увид.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.