Пронајдено телото на удавеното момче во кумановско Думановце

Пронајдено телото на осумнаесетгодишното момче кое во саботата счезна во водите на езерото во кумановското село Думановце.

Нуркачите вчеравечер го пронашле телото на Јетмир Османи од скопското село Љуботен. На момчето му се изгубила секаква трага во саботата попладне околу 14 часот, кога според очевидци со неколку другари влегло во езерото да се разлади.

Водата ненадејно го повлекла кон дното и оттогаш траеше потрагата по него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.