Пронајдено телото на затрупаниот рудар

Безживотното тело на рударот Жељко Милетиќ, кое синоќа по шест дена потрага го принајдоа спасителите во јамата Стрмостен во рудникот Рембас, утрово е извлечено.

Претседателот на Синдикатот на Рембас, Небојша Миленковиќ потврди за РТС дека телото на Милетиќ е пронајдено под големи камења. Тој бил пронајден од спасувачите и рударите кои работеле трета смена.

Вишиот јавен обвинител пристигнал во јамата Стрмостен и очекува по извршениот увид да бидат познати повеќе детали за тоа како Милетиќ настрадал. Телото на рударот е и понатаму во јамата, но е извлечено од рушевините.

Врз Милетиќ во јамата се срушила голема количина на јаглен, камења и земја и од тогаш немало никаков контакт никој со него.

Потрагата за затрупаниот рудар започна во вторникот утрото и не беше прекината се додека не се најде телото на 36 годишниот рудар.

Милетиќ е татко на три малолетни деца и потекнува од рударско семејство. Тој работел како рудар осум години.