Пронајдете ја својата љубов деновиве, на предновогодишните забави

Ако сте сами, искористете го предновогодишното расположение за да ја пронајдете и да ја освоите љубовта на својот живот. Без разлика на тоа дали ќе организирате интимна новогодишна забава со неколку пријатели, но и со оној на кој вашето срце реагира или пак ќе го освоите со оригинален танц на некоја забава, сега е вистинско време да пронајдете партнер.

Победете ја срамежливоста во гужвата

Организирајте забава и така привлечете ја личноста по која копнеете. Ќе се покажете во едно опуштено светло, опкружени со пријатели кои ве сакаат, а ништо не е попривлечно од самоосвестена личност која ужива во животот. Освен тоа, луѓето не сакаат да бидат сами за Божиќ, а со тоа се зголемува можноста за запознавање.

Играјте си со зборовите

Прашајте ја дали е добра или злобна. Жените сакаат духовити партнери, а со тоа прашање ќе го пробудите нејзиниот интерес.

Ако не знаеш да играш, можеби и подобро

Покажете дека сте радосни, но направете го тоа на подот за танцување. Таквата зафрканција е одличен начин да покажете дека ништо не земате премногу сериозно. На оние на кои им е важно како изгледаат на подот за танцување, оставаат впчеток на луѓе кои знаат како да се забавуваат и на кои никогаш не им е здодевно.

Никој на забавата не смее да остане сам

Сетете се дека никој не сака да биде сам за Божиќ. Затоа ако забележите, срамежлива девојка или момче кои сами стојат покрај масата, пријдете му и разговарајте. Со тоа ќе му ја разубавите вечерта, а којзнае како тој однос ќе се развива понатаму. На крајот на краиштата тоа може да биде почеток на прекрасно пријателство.

 

Сетете се на бакнеж на полноќ

Не потценувајте ја моќта на полноќниот бакнеж на дочекот на Новата година. Можете да бидете искрени и да и признаете, дека морате да бакнете некого на полноќ, а немате кој. Ако пак и гласно и се насмеете, сигурно ќе падне на вашиот шарм.