Проoден патниот правец Тетово–Попова Шапка

Проoден патниот правец Тетово – Попова Шапка
Проoден патниот правец Тетово – Попова Шапка

Патниот правец Тетово–Попова Шапка е расчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правца, соопшти АМСМ, поради излевање на реката во село Доброште, а сеуште во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце и обратно.

Поради свлечишта и камења на патот, патниот правец Тетово-Попова Шапка беше во прекин.

Надојдената вода на Вратничка река, пак, целосно го оштети мостот кој сообраќајно ги поврзува селата горно Орашје и Нераште.

Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Невремето во тетовско однесе четири жртви, а по едно девојче се трага

Силното невреме кое вчера го зафати полошкиот регион го стави Тетово под вода. Во свлечиштата и поплавите предизвикани од поројните дождови животот го загубија четири лица, а шестгодишно девојче се води како исчезнато. Станува збор за Х.Ф. (83), А.М. (14) и Р.А. (1,5) од Шипковица, како и А.И. (7) од Тетово.

Предизвикана е и голема материјална штета. Оштетени се неколку возила, а свлечиштата носеле се пред себе.

 

 

Повеќе за невремет во тетовско процитајте на линкот:

Груевски ги посети повредените во силното невреме во Тетово