Пропадна обидот на републиканците за укинување на Обамакер

(Photo by Joe Raedle/Getty Images)

Уште двајца американски пратеници се спротиставија во вторникот на предлогот на нивната партија која би требало да го замени системот за здравствена грижа воведен од претходниот демократски претседател Барак Обама, познат како Обамакер, што значи дека законот во предложената форма не може да мине во Конгресот.

„За жал, сега е сосема јасно дека обидот за укинување и замена на пропаднатиот Обамакер нема да мине“, изјави лидерот на сенатското републиканско мнозинство, Мич Мекконел.

Откако републиканскиот закон не мина, претседателот Доналд Трамп повторно ги повика партиските колеги да го укинат Обамакер и да работат на предлог кој би ја добил поддршката и од демократите.

„Републиканците би требало веднаш ДА ГО УКИНАТ пропаднатиот Обамакер и да работат на нов план за здравственото осигурување од нула. Демократите ќе ни се приклучат“, напиша Трамп на Twitter.

Двајцата сенатски конзервативци објавија само неколку часа порано дека нема да ја поддржат најновата верзија на предлогот со кој би се заменил законот за здравствено осигурување на поранешниот претседател Барак Обама од 2010 година.

Откако сенаторите Мајк Ли и Џери Моран им се приклучија на Сузан Колинс и Ред Пол со веќе постојното противење на демократите, Мекконел веќе нема доволно гласови да го протурка републиканскиот закон во Сенатот со сто мандати.

Ова е последниот во низата неуспеси на републиканците, и покрај тоа што имаат мнозинство во Сенатот и во Претставничкиот дом на Конгресот. Доаѓа по седум години откако републиканците им ветија на гласачите дека ќе го укинат Обамакер доколку ги контролираат парламентот и Белата куќа. Меѓутоа, анкетите покажуваат дека јавноста го сака овој закон повеќе отколку републиканската алтернатива.

Комисијата за буџет на Конгресот пресмета дека републиканскиот закон би довел до загина на осигурувањето за 18 до 23 милиони луѓе. Републиканците тврдат дека Обамакер чини премногу, додека демократите се истрајни дека нема да соработуваат со републиканците на новиот закон со кој би се укинал постојниот, туку само на тоа овој да биде поправен.

Со овој закон од 2010 година, кој беше жестоко критикуван од конзервативците поради неговите трошоци и административна комплицираност, требаше да се помогне на поширокото население на САД да се здобие со здравствено осигурување.

Трамп го критикуваше законот како неефикасен и недостапен. Неговиот потпретседател Мајк Пенс најави дека укинувањето на законот ќе биде првиот приоритет.

Демократите критикуваат дека републиканците со укинувањето на овој закон може да предизвикаат хаос на пазарот на здравствените услуги, со укинувањето на Обамакер. Исто така, не е познато со која алтернатива ќе биде заменет овој закон.

Законот за заштитата на пациентите и пристапната нега (АСА), како што официјално се нарекува законот, е усвоен во 2010 година за значително намалување на бројот на неосигурените Американци и истовремено да го забави рапиден раст за потрошувачката во здравство. Неговото усвојување имаше драматично влијание врз американскиот здравствен систем.

Обамакер не е јавна програма за здравствено осигурување. Тоа е законската рамка којашто на приватните осигурители им наметна обврски со намера подобро да се регулира пазарот и ширењето на услугите кои се покриваат со осигурувањето.

Во САД постојат само две јавно здравствен осигурувања на сојузно ниво: Медикејд, наменет за сиромашните семејства и поединци, и Медикер, за оние кои се повозрасни од 65 години. Повеќето американци се осигурени се во приватниот сектор, најчесто преку работодавачите.

Според Обамакер, осигурителните куќи не смеат да ги одредуваат премиите за осигурувањето врз основа на историјата на болестите или полот, како што работеле претходно. Не смеат ниту да одбијат да осигурат пациенти кои се „прескапи“ или да наметната годишно финансиско ограничување на здравствените услуги, што е практика која некои тешко болни Американци ги довела до питачки стап.

Обамакер, исто така, бара осигурителот да ги плати трошоците за болничко лекување, посети на итна помош или некои превентивни прегледи, како тестирања на дијабетес или вакцинација. За возврат, законот Обамакер бара сите Американци да бидат осигурени или да платат казна. За 2017 година казната изнесува 695 долари за возрасни лица.

Бидејќи неколку милиони луѓе повеќе придонесуваат на здравствениот систем, велат поборниците на Обамакер, премиите кои ги плаќаат здравите Американци ги намалуваат трошоците на лекувањето на најболните.

Републиканците, пак, велат дека присилното учество во системот ги крши основните слободи гарантирани во уставот на САД и остро го осудуваат.

За лицата за коишто работодавачот не плаќа осигурување, администрацијата на Обама воспостави интернет „пазар“ на кој поединците може да се пријават за ACA приватниот осигурител. Тој, пак, за возврат зависно од приходот на тоа лица, има право на даночни олеснувања што ја намалува цената на премијата.

Проблемот е во тоа што сé помалку осигурители учествуваат на тие „пазари“, бидејќи се покажа дека им се помалку профитабилни од очекуваното. Резултат на тоа е што премиите постојано поскапуваат, а за републиканците тоа е доказот дека реформата пропаднала.

Откако Обамакер законот стапи на сила, здравствениот систем се проширил на 20 милиони нови осигуреници, тврди администрацијата на заминува, а бројот на лица без осигурување паднал од 16 отсто во 2009 на 8,9 отсто во минатата 2016 година, што е најниското ниво во историјата. Демократската администрација, исто така, истакнува дека растот на трошоците во здравствениот сектор никогаш не бил побавен.