Анализи

Пропадна „помирувањето“ во Чекерс, на Меј ѝ се заканува отповикување

Пропадна „помирувањето“ во Чекерс, на Меј ѝ се заканува отповикување

Британскиот министер за истапување од Европската унија (Брегзит), Дејвид Дејвис, поднесе оставка на должноста, бидејќи, како што наведе, не сака да биде „учесник“ во плановите на премиерката Тереза Меј во споменатиот процес, со што ѝ зададе силен удар на премиерката којашто настојува да ги прекине сé погласните и сé поотворените несоласувања меѓу нејзините министри. Оставката на Дејвис и незадоволството од исходот на средбата во Чекерс ја отвори можноста за уривање на владата на Меј и распишување предвремени избори.

Оставката на Дејвис ја поздравија заговорниците на Брегзитот од владејачката Конзервативна партија коишто сметаат дека плановите на премиерката Меј да задржи што поблиски трговски врски со ЕУ претставува предавство на нивната желба за целосен прекин на врските со Брисел. Покрај тоа, оставката на министерот задолжен за спроведување на процесот на раздружување од унијата го наметнува прашањето дали Меј може да добие поддршка во парламентот за својот план за излегување од ЕУ и дали постои можност за нејзино отповикување.

Оставката, се чини, ги поттикна и другите да тргнат по патот на Дејвис, само два дена по средбата одржана во резиденцијата на премиерката Чекерс на којашто требаше да бидат надвладеани длабоките разлики и поделби во нејзиниот кабинет поради Брегзитот. Девет месеци пред Обединетото Кралство да ја напушти Европската унија и само три месеца пред рокот за постинување договор со Брисел, премиерката Меј се најде под силниот притисок од Унијата и бројните компании коишто од неа бараат да го открие својот преговарачки ставови.

Дејвис, докажан евроскептик кој пред две години беше именуван на чело на министерството основано по гласањето на Британците за напуштање на Европската унија во јуни 2016 година, последните месеци неколкупати се закани дела ќе поднесе оставка поради несогласувањата со премиерката Меј.

„Генералната насока на политиката во најдобар случај ќе ни донесе лоша преговарачка позиција, којашто можеби дури ќе биде и незабележителна“, напиша Дејвис во оставката. Ја критикува одлуката на премиерката да ги задржи „општите правила“ со ЕУ, коишто всушност се одраз на правилата и прописите кои важат во рамките на Унијата, истакнувајќи дека со тоа „на Европската унија би ѝ ја предала контролата над големи делови од британската економија, како и оти со тоа сигурно нема да ја врати контролата врз законите во британски раце“. Дејвис, исто така, смета дека во национален интерес е на должноста министер за Брегзит да биде лице кое цврсто ќе верува во пристапот на премиерката, а не некој „неволен учесник“.

Меј на писмото одговори истакнувајќи дека не се согласува со неговата „оцена на политиката којашто е договорена на состабокот на кабинетот во петокот“, и му се заблаодари на неговата ангажираност. Соочена со владина криза, Меј набрзина именуваше нов министер за Брегзит. Даунинг Стрит соопшти дека британската премиерка Тереза Меј го именувала министерот за домување Доминик Раб како нов министер задолжен за спроведување на британското излегување од Европската унија.

Одлуката на Меј следува откако досегашниот министер задолжен за преговорите за Брегзит, Дејвид Дејвис, поднесе оставка незадоволен од исходот на владиниот состанок во петокот. По состанокот, Дејвис изјави дека договореното нема да значи вистинско напуштање на Европската унија и дека британскиот парламент ќе остане обврзан на огромен број правила и регулативи на ЕУ, по што ја поднесе својата оставка. Четиресет и четиригодишниот Доминик Раб, чие именување е одобрено од страна на Кралицата, е познат како силен поддржувач на излегувањето од Европската унија. Самата премиерка го поддржуваше предлогот Велика Британија да остане во ЕУ, поради што водачите на таборот кој е за излегување од ЕУ, како Мајкл Гоув и Борис Џонсон, гледаат сомничаво кон неа.

Оставка поднесе и Стив Бејкер, заменикот на Дејвис кој на многу поборници на Брегзитот им даваше верба во процесот, потврдија од владата, а медиумите известуваат и за оставка на заменичката на министерот Суела Брејвермен.

Во петокот во резиденцијата на премиерката во Чекерс се одржа состанк на којшто, како што првично се чинеше, Меј успеала да ги увери најглеасните поборници на Брегзитот во својот кабинет, меѓу коишто секако беше и Дејвис да го поддржат нејзиниот план да побата „слободна трговија со стоките“, како и да одржи блиски трговски односи со ЕУ. На тој состанок Тереза Меј побара од нејзините министри да се обврзат да почитуваат низа инструкции во британските преговори со европските претставници на кои се разгледуваат идните трговски односи на Велика Британија и ЕУ, правата на државјаните и жителите, границата со Ирска, британскиот однос кон европските регулативи и низа други прашања. Меј доби поддршка од друг истакнат побирник на Брегзитот, министерот за природна околина Мајкл Гов, кој во неделата рече дека договорената преговарачка позиција не е совршена, но дека верува оти со неа контролата се враќ во рацете на Лондон.

И другите претатеници на Конзервативната партија го критикуваа „мировниот договор“ од Чекерс, истакнувајќи дека според плановите на премиерката Брегзитот би требало да биде само номинален, и претставува предавство на она што го сметаат за свое ветување за целосно раскинување со Европската унија. Нивните преговори го наметнуваат прашањето може ли меј сега да добие поткрепа од парламентот за своите планови, долку во текот на оваа година и биде постигнат некаков договор со ЕУ, а некои дури најавија дека би можеле да покренат и процес на отповикување. Лидерот на поборниците на Брегзитот во Конзервативната партија, Џејкоб Риз-Мог, изјави дека оставката на Дејвис докажува дека нивната загриженост има основи.