Пропадна состанокот на Филе со политичките претставници на БиХ

Комесарот на Европската унија за проширување, Штефан Филе, до доцна синоќа во Сараево разговарал со лидерите на седумте најголеми парламентарни партии во Босна и Херцеговина за пресудата на Европскито суд за човекови права за случајот „Сејдиќ- Финци“.

Но, претставниците на тие партии воопшто не ги приближиле нивните ставови на оваа тема, ниту по пет години откако Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја донесе одлуката во корист на Ромот Дерво Сејдиќ и Евреинот Јакоб Финци.
Тие двајца ја тужеа БиХ барајќи кандидатурата на изборите за државна функција во Босна и Херцеговина да им биде овозможена и на припадниците и на другите народи не само на Бошњаците, Србите и Хрватите.

Европскиот суд побара од властите во БиХ да ги усвојат уставните измени за да може на малцинствата да им се овозможи да се кандидираат за високи државни функции што досега не е направено.